254
Дел од оние кои работат, но и се повикани да помогнат на Инфективната клиника во Скопје, во моментов има 10 лица кои се позитивни на Ковид 19.
Поконкретно, на Клиниката работат 40 медицински сестри а 11 доаѓаат на помош, додека во Модуларната болница има 3 медицински сестри и уште 14 кои доаѓаат на испомош.
Помеѓу здравствените работници, заклучно со бројките од вчерашниот ден, има 297 активни случаи. Од почетокот на пандемијата во земјава, позитивни на Ковид 19 биле 527 здравствени лица, а 12мина ја загубиле битката, посочија од Министерството за здравство во разговор за Миа.