173
Девет деца загинаа во источен Авганистан од стара нагазна мина со која си играле.
Портпаролот на талибанците Хамидула Нисар изјави дека мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во провинцијата Газни, била стара неколку децении и експлодирала додека си играле со неа.
Тој додаде дека се убиени пет момчиња и четири девојчиња на возраст меѓу пет и 10 години.
Ваквите инциденти се вообичаени во Авганистан бидејќи има многу мини и оружје останати од војните, на кои децата наидуваат кога собираат старо железо, кое се користи за издржување на нивните семејства.