Девет Македонци се качија на Килиманџаро на 5895 метри надморска височина

од desk4
109 прегледи

Bkhv-NwIAAAgQN0

Девет Македонци меѓу кои и кавадарчанецот Илија Белевски го искачија врвот Ухуру висок 5.895 метри надморска височина на планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка и еден од седумте светски врвови. Тие се уште се во Африка, а во Македонија се враќаат во вторник.

– Во акцијата учествувавме 16 луѓе, повеќето од Македонија и Албанија, како и по еден од Србија и Австрија. Организацијата е на Балканската планинарска федерација и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, изјави Белевски за МИА.

132997170

Водич на експедицијата е  Живко Темелковски, а покрај Белевски учествуваат  и  Катица Борисовска, Виктор Калаузи, Александар Николовски, Димитар Малиновски, Иван Трпков, Игор Стојковиќ и Искра Лазарова.