Девет загинати, 63 повредени во руски напад врз Киев

од Milan1
13 прегледи

Во масовниот руски напад врз Киев во текот на ноќта загинаа девет лица, 63 беа повредени, а 42 лица беа хоспитализирани, меѓу кои шест деца, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина.

Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек, објави Укринформ.

Пријавени се пожари во гаражи, административни и деловни згради, а изгорени се и автомобили и сува трева поради паѓање на запалив отпад.

Противпожарните екипи ги локализираа и изгаснаа пожарите, а последиците од гранатирањето се отстрануваат во пет градски квартови.

На терен се распоредени и тимови од психолози и кучиња специјализирани за потрага и спасување, пренесува Танјуг.

Слични содржини