Девет земји-членки на ЕУ бараат преиспитување на толкувањето на Европската конвенција за човекови права

од Milan1
19 прегледи

Италија и осум други европски земји, вклучувајќи ги Данска и Полска, објавија отворено писмо во кое бараат преиспитување на толкувањето на Европската конвенција за човекови права, особено во однос на миграцијата.

„Сакаме да го искористиме нашиот демократски мандат за да започнеме нова, отворена дискусија за толкувањето на Европската конвенција за човекови права. Мора да ја вратиме вистинската рамнотежа. И нашите земји ќе работат заедно за да ја остварат оваа амбиција“, се наведува во текстот, објавен од кабинетот на италијанскиата премиерка Џорџија Мелони.

Документот беше објавен по средбата во Рим меѓу Џорџија Мелони и данската премиерка Мете Фредериксен. Договорот го потпишаа и лидерите на Австрија, Белгија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Чешка, објави Бета-АФП.

„Припаѓаме на различни политички семејства и доаѓаме од различни политички традиции. Но, потребно е да се покрене дискусија за тоа како меѓународните конвенции одговараат на предизвиците со кои се соочуваме денес“, изјавија потписниците.

Слични содржини