Деветмина уапсени во Таџикистан поради терористичкиот напад во Москва

Таџикистан, кој е член на безбедносниот блок предводен од Русија и е домаќин на руска воена база, ги собра семејствата на осомничените вооружени напаѓачи за да можат руските истражители да ги испрашаат во Душанбе.

од Бети Божиноска
182 прегледи

Девет државјани на Таџикистан, жители на предградијата на главниот град Душанбе, се приведени денеска поради контакти со извршителите на терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ ​​во Москва на 22 март, изјави неименуван извор од таџикистанските специјални служби.

Изворот наведува дека се уапсени и осомничени за контакти со Исламска држава (ИД) и дека во оперативните активности учествувале и руските безбедносни сили лоцирани во Душанбе.

Според последните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва вечерта на 22 март, загинале 143 лица. Руските власти соопштија дека во врска со случајот се приведени 11 лица, меѓу кои четворица за кои истрагата тврди дека биле директни извршители на нападот.

Таџикистан, кој е член на безбедносниот блок предводен од Русија и е домаќин на руска воена база, ги собра семејствата на осомничените вооружени напаѓачи за да можат руските истражители да ги испрашаат во Душанбе, пренсува „Ројтерс“.

Оваа претежно муслиманската нација со 10 милиони жители, која се граничи со Авганистан, во голема мера зависи од дознаките од работниците-мигранти кои работат во Русија. Нејзината економија беше уништена од граѓанска војна во 1990-тите.

Претходно во четвртокот, Рускиот истражен комитет соопшти дека привела уште еден осомничен во врска со нападот на „Крокус“ под сомнение дека е вмешан во финансирањето на нападот, но не даде повеќе детали за идентитетот на осомничениот или за неговите наводните дејствија.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников изјави дека првите информации за уапсените ја потврдуваат украинската трага, а руските разузнавачки служби сметаат дека зад нападот стојат САД, Велика Британија и Украина.

Слични содржини