Девет лица загинаа во израелските напади во Газа

од Milan1
21 прегледи

Девет цивили, вклучувајќи деца и жени, беа убиени во израелските напади на две одделни локации во централна и северна Газа.

Локални извори за новинската агенција Вафа изјавија дека двајца Палестинци се убиени, а неколку други се повредени кога израелски авиони бомбардирале куќа во населбата Шеик Радван, во северозападна Газа, објави Ал Џезира.

Агенцијата додаде дека израелските авиони, исто така, погодиле куќа во бегалскиот камп Буреиџ во централна Газа, при што загинале седум лица, пренесува Танјуг.

Слични содржини