Девојките масовно го тријат лицето со кора од банана! Тие тврдат дека тоа е природен ботокс – еве што велат лекарите за тоа

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Многумина се убедени дека оваа метода функционира и ја нарекуваат природен ботокс, но експертите нагласуваат дека може да предизвика иритација или појава на акни.
Младешкиот изглед без брчки, нежна и негувана кожа на лицето е еден од модерните трендови на кои не можат да одолеат ниту младите ниту старите. Кога станува збор за убавината, негата на кожата е од клучно значење, а многу млади девојки вложуваат многу време, пари и труд во негата на кожата на лицето.

Кора од банана за лице

На социјалните мрежи денес практично е можно да се најдат совети за се, особено за нега. Трендот што се шири на Тик-Ток меѓу младите девојки е триењето на лицето со кора од банана. Девојките кои го промовираат овој тренд тврдат дека нивната кожа станува посветла благодарение на антиоксидансите во ова овошје, дека ги затегнува и измазнува фините линии, поради што го нарекуваат природен ботокс.

Сепак, лекарите тврдат дека тоа е глупост. Не само што нема да ја нахрани кожата, туку кората од банана може да предизвика иритација и појава на акни. Како што објасни експертот за нега на кожа, д-р Дејв Рајли, главен научник на компанијата за производство, тој е многу сомнителен во ефикасноста на овој метод.

– Додека јадењето банани може да биде добро за вашата кожа, трендот на триење на лушпи од банана на вашето лице може да биде проблематичен. Овој тренд произлегува од тврдењата дека кората од банана содржи лутеин, антиоксиданс кој може да ја осветли кожата и да го намали изгледот на фините линии, рече тој.

Д-р Рајли истакна дека дури има видеа на социјалните мрежи кои сугерираат дека кората од банана ќе делува како пилинг на кожата.

– Иако е точно дека кората од банана го содржи овој антиоксиданс, таа нема да се апсорбира преку кожата кога директно се нанесува. Исто така, концентрацијата на лутеин во кората од банана не е доволно висока за да има значаен ефект – додаде д-р Рајли.

Тој верува дека рутината за нега на кожата е исклучително важна, но нагласи дека трендовите на Тик-Ток често шират неточни информации, кои можат да направат повеќе штета отколку корист.

– Не верувајте во се што ќе прочитате на интернет. За жал, ваквите трендови на Тик Ток често шират дезинформации за нега на кожата и брзо стануваат популарни. Затоа секогаш би препорачал да следите докажана рутина за нега на кожата и да избегнувате какви било трикови за да го намалите ризикот од иритација – изјави д-р Рајли, цитиран од Unilad.

Слични содржини