290
Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
– Да, тоа е неговата намера, им рече Псаки на новинарите.
Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, коментираат светските агенции.
Според најновата анкета на Универзитетот Квинипијак, работата на претседателот Бајден ја поддржуваат само 36 отсто од Американците, што е најнизок процент досега во анкетите за Бајден, наведува Си-Ен-Ен.