333
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Западот направил огромна грешка во 2014 година и дозволил Путин да го преземе Крим и да помине без последици.
Според Би-Би-Си, Џонсон смета дека е неопходно Западот да престане да зависи од руската нафта и гас, бидејќи само така може да се запре „насилникот“ од Кремљ.
Изјавата на премиерот доаѓа во сенка на најавата за нови британски санкции против Русија.