Џорџина Родригез синоќа за прв пат се појави во јавноста откако во април почина нејзиниот новороден син. Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо вчера дојде во Кан за да присуствува на премиерата на филмот Елвис на филмскиот фестивал и се појави на црвениот тепих за првпат по загубата на бебето.
Во тесен фустан со светки, Џорџина блесна на премиерата и најде сила да им се насмее на насобраните фоторепортери, а набргу по премиерата се качи во приватен авион и се врати дома кај своите деца.
Во средината на април, Џорџина и Кристијано ја објавија тажната вест дека нивниот син не го преживеал раѓањето, а неговата сестра близначка преживеала.