Германскиот пилот Андреас Лубиц, кој е осомничен за намерно уривање на авионот А320, имал издаден документ, според кој пилотот требало да се наоѓа под редовен лекарски надзор, објави Die Welt.
Лубиц ги прекинал студиите во летачкото училиште на “Луфтханза” за период од шест месеци, по што тој положил не само тест за медицинска способност за пилоти, но поминал и низ преглед кај психолози.
Резултатите од извештајот покажуваат дека на Андреас Лубицму е дозволено да ги продолжи своите студии, но добил “SIC” код кој препорачува “специјални, редовни медицински прегледи”. Овој код е наведен во неговото сведоштво за пилот, но не и во медицинскиот сертификат.
Кодот “SIC” се смета за знак за сериозна болест, поради што пилотот треба да се гледа со претпазливост за време на редовните прегледи. Од почетокот на кариерата во “Џърмануингс” во 2013 година Лубиц е прегледуван два пати – во август 2013 година во Франкфурт на Мајна и една година подоцна во Минхен.