17 000 записи со податоци за спорни гласачи ,треба да проверат анкетарите на ДИК само на територија на општина Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Повеќе од 11.000 во Куманово и Липковскиот регион, а околу 6000 записи има за проверка во Центар и Аеродром, Карпош и Тетово. Теренската проверка која започна утринава, се одвива без проблеми велат од ДИК-пренесе 24 Вести. 

izbori_wide
Членовите на комисијата денеска одлучија да го зголемат и бројот на анкетари за процесот да се одвива побрзо, но не се согласија јавно да се објави името и презимето на сите гласачи кои се појавија како сомнителни.

Проверката на гласачите, според најавите од комисијата треба да заврши до 3 април, по што ќе следува фазата на бришење и дополнување на лицата за кои ќе се утврди сомнежот дека неосновано фигурираат на Избирачкиот список.

Слични содржини