Технички почна теренската проверка на ДИК. Проверка на податоците на 89.338 гласачи за кои постојат „неконзистентни записи“ во избирачкиот список и другите дата бази од државните институции се врши со 488 анкетари во 80 општини во земјава.Изборот е на ДИК.
Bedz- dik

Проверката почна, но, како и кога ќе заврши засега не може да се тврди. Од партиите брифираат, дека има игра на која предупредуваат и во ДИК , за тоа како mo\ebi ќе се опструираат проверките. Партитиите веќе ги имаат списоците , цедеата, кој и кога ќе се проверува, и за очекување е тие денови кога ќе се врши проверката никој да нема на тие адреси. Никој нема да отвори и врата, и спорно е како тоа ќе се верификува- поминала проверката не нашле никој, или не е направена проверката зошто немало никој !?

Дилеми и кај чченовите на  ДИК .Ќе се  објавуваат  имињата и адресите на граѓаните чии податоци се предмет на теренска проверка. Ваква одлука изгласаа петмина членови на Комисијата, кои веќе поседуваат цедеа со овие податоци и сметаат дека тоа право им го дава Изборниот законик. Четворица членови на ДИК се против.

Велат дека поседувањето вакви цедеа го минира процесот на теренската проверка и овозможува протекување доверливи податоци.

Претсавникот на СДСМ Милев праша: зошто не беше побарано објавување на лицата кои теренски ќе се проверуваат пред две недели туку сега, кога се дозна дека членовите на ДИК  од ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, располагаат со цедеа со податоци, а оние од СДСМ ги немаат. Ибраими тврди дека тој има такво право со закон.

Претседателот Чичаковски вели дека ДИК не треба да ги објавува спорните записи пред целосното завршување на проверките. За ујдисаните  претсавници на власта  во ДИК тоа воопшто не е проблематично.

Според процедурата:  Анкетите се вршат секој ден од 8,30 до 19,30 часот. Анкетарот треба да зборува лично со лицето чии податоци треба да се проверат, а ако тоа лице не е присутно, тогаш треба да се обави разговор со присутен член од семејството. Ако во станот или куќата нема никој или лицето не е во состојба да даде податоци, тогаш анкетарот има задолжение да дојде друг ден. Ако и тогаш нема никој тогаш се доставува известување и тоа лице е должно во рок 3 дена да се пријави во подрачната единица на ДИК. Кога се работи за јавен објект или објект што не постои, анкетарот тоа треба да го наведе во извештајот.Потоа на ред е сумирањето на податоците,  и очекувањата се тоа да заврши во предвидениот рок  пред изборите.

 

 

 

 

Анкетите се вршат секој ден од 8,30 до 19,30 часот. Анкетарот треба да зборува лично со лицето чии податоци треба да се проверат, а ако тоа лице не е присутно, тогаш треба да се обави разговор со присутен член од семејството. Ако во станот или куќата нема никој или лицето не е во состојба да даде податоци, тогаш анкетарот има задолжение да дојде друг ден. Ако и тогаш нема никој тогаш се доставува известување и тоа лице е должно во рок 3 дена да се пријави во подрачната единица на ДИК. Кога се работи за јавен објект или објект што не постои, анкетарот тоа треба да го наведе во извештајот.

Осумдесет контролори ќе ги контролираат прашалниците од анкетарите.

Слични содржини