Димков си поднесе оставка од Комисијата за селекција и избор на работници од УБК и АНБ

од desk4
119 прегледи

„Изборот на кадри за АНБ беше компромитиран од самиот почеток и повеќе се базираше на субјективни па дури и политички, наместо на објективни, јасни и однапред утврдени критериуми“. Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков, кој поднесе оставка од местото член на Комисијата за селекција и избор на работници од УБК во Агенцијата за национална безбедност.

Изборот на кадрите според Димков е фарса, а при селекцијата важно е оценувањето на вработените од страна на нивните претпоставени. Според него неопходни се реформи во безбедносниот сектор, но да се формира институција во која довербата е дискутабилна.

„Врз основа на погоре наведеното, но и на голем број на реакции на лица и медиуми, кои отворено ги нотираа пропустите, чувствувам обврска да се повлечам односно да поднесам оставка. Потребни се реформи во безбедносниот сектор кои ќе резултираат со ефикасни и професионални служби. Се плашам дека во моментов со ваквиот начин на работа, само се оддалечуваме од крајната цел, односно се креира нова една институција во која уште од самиот старт довербата е дискутабилна“, рече Димков.

Тој истакна дека треба да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки за да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите, како и дека не се постапило согласно со информацијата на Државната комисија за спречување корупција во однос на судир на интереси при вработувањето.

 

Слични содржини