Дипломатски состаноци во Њујорк: Лајчак и Гутереш разговараат за случувањата во Западен Балкан

од Илинка Илиоска

Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, имаше средби во Њујорк со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и Денис Френсис, претседател на 78-то заседание на Генералното собрание на ОН. Главната тема на дискусијата беше состојбата на Западен Балкан и идните активности на Генералното собрание на ОН.

Лајчак го запозна Гутереш со својата текона работа и изрази благодарност за разбирањето на Гутереш за развојот на настаните во Западен Балкан.

„Имав можност да го информирам за мојата актуелна работа и благодарeн сум за неговиот голем интерес и длабокото разбирање за развојот на настаните во Западен Балкан“, напиша Лајчак синоќа на платформата Х.

Разговорите со Френсис биле оценети како продуктивни и навремени, со оглед на тоа што прашањата за Западен Балкан се сè почесто предмет на разговори во рамките на ОН. Френсис, пак, на социјалните медиуми објави дека меѓу темите на нивната дискусија била и предстојната седница на Генералното собрание, со фокус на предложената резолуција за Сребреница.

Слични содржини