Директорката на Младинската иницијатива за човекови права во Србија приведена па ослободена на белградскиот аеродром

од Илинка Илиоска
52 прегледи

Директорката на Младинската иницијатива за човекови права во Србија, Софија Тодоровиќ, денеска е ослободена откако била приведена на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и го продолжила патувањето кон Германија, соопшти Иницијативата.

„Набрзо по објавувањето на изјавата и разговорот со управата на граничната полиција и барањето за адвокат, директорката на Иницијативата, Софија Тодоровиќ, е ослободена од српското Министерство за внатрешни работи и го продолжува својот пат кон Германија“, се наведува во соопштението, пренесе Данас.рс

Иницијативата оцени дека брзото ослободување на Софија Тодоровиќ по притисокот на јавноста уште еднаш покажува дека српските власти ги злоупотребиле полициските овластувања за да ги вознемируваат критичките граѓани на Србија со неоправдано лишување од слобода.

Сè уште стоиме на барањето надлежните органи да престанат со репресивните и дискриминаторски практики и да овозможат почитување на човековите права за сите граѓани на Србија“, нагласуваат од Иницијативата.

Таа невладина организација претходно соопшти дека Тодоровиќ денеска е приведена за време на нејзиното патување во германскиот град Ахен, каде на 1 септември треба да ја прими наградата за мир во Ахен во име на Младинската иницијатива за човекови права и дека ова е осми притвор на Софија Тодоровиќ од 6 јули годинава.

Откако беше пуштена од аеродром, проговори и самата Софија Тодоровиќ.

„Откако на Твитер ја објавив ситуацијата од аеродромот, полицијата ме пушти да си одам по 35 минути притвор, што не беше случај во претходните седум ситуации и вообичаено бев приведен од два до четири часа. Верувам дека доколку не ја информирав јавноста за тоа што ми се случува изминативе два месеци, немаше да биде ова епилогот“, рече Софија Тодоровиќ.

Таа потсети на уверувањата од официјалните лица дека „списоците на непожелни не постојат“.

„Имавме уверување од министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ дека домашните граѓани ги нема на ниту еден список и дека тоа е лага на оние кои и посакуваат лошо на Србија. Претседателот нè увери дека сите списоци ќе бидат укинати или намалени, но ова е само доказ дека тоа не е така, дека ние како јавност сме биле доведени во заблуда и дека јас, државјанка на Србија, и денеска бев приведена“, рече таа.

Изговорот, додава таа, бил детална гранична контрола.

„Немаше многу смисла по петтото зарджување по ред. За 35 минути е тешко да се утврди детална гранична контрола, што ми докажува дека тоа всушност е злоупотреба на законот и дека се користат одредени одредби за притисок врз активистите“, посочи таа.

Таа, вели, продолжува по својот пат.

„Одам во Ахен да ја подигнам наградата за мир, која ја освои Иницијативата за млади и човекови права, на која сум многу горда и мило ми е што ќе покажеме уште едно лице на Србија, она што е за ми, онаа која соработува со целиот регион и која ги мотивира младите да ги надминат пречките од минатото, за национализмот да не биде иднината во која сакаат да живеат“, изјави таа.

Слични содржини