Диуф по стапките на Џорџ Веа – сака да биде претседател на Сенегал

од Vladimir Zorba

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Ел Хаџи Диуф, изјави дека има намера да се кандидира за претседател на Сенегал. Тој е инспириран од успехот на Џорџ Веа, кој неодамна беше избран за претседател на Либерија.

„Подготвен сум да ги променам работите во мојата татковина. Ја сакам политиката и сакам да го сменам Сенегал. Досега размислував само за фудбал, но сега имам семејство и татковина, за кои морам да се грижам. Решив да влезам во политика бидејќи имам поддршка од луѓе, кои очекуваат од мене да направам промени. Сакам да станам бранител на помладата генерација во татковината“, изјави 37-годишниот поранешен напаѓач, кој се смета за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Сенегал.

За време на фудбалската кариера, Ел Хаџи Диуф беше обвинуван за напад, возење без дозвола, а неговиот поранешен тренер Нил Ворнок во 2011 година го нарече „кукавички стаорец“.

Слични содржини