На денешната прес-конференција, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс даде низа изјави во кои ја истакна важноста на Гренланд за безбедносните интереси на САД, а истовремено ја критикуваше Данска за запоставување на регионот. Тој исто така рече дека Гренланд ќе има посветла иднина под американско покровителство.
„Гренланд е од клучно значење за нашата безбедност“, Венс ја нагласи важноста на американското воено присуство на Гренланд уште од самиот почеток. Тој рече дека во случај на ракетен напад врз САД, воените сили од Гренланд ќе бидат првите кои ќе ги предупредат американските сили и ќе помогнат во одбраната.
„Мораме да водиме на Арктикот, бидејќи ако не водиме, другите сили ќе ја пополнат празнината“, рече Венс, мислејќи пред се на Русија и Кина, кои, според него, се повеќе покажуваат интерес за Гренланд и арктичките водни патишта.
Остриот напад врз Данска
Венс не ја поштеди Данска, која формално управува со Гренланд. Тој рече дека Копенхаген сериозно пропуштил да инвестира во безбедноста и инфраструктурата на Гренланд, оставајќи простор за другите сили да се позиционираат.
„Данска не се држеше во чекор со воените инвестиции, а камоли со ресурсите потребни за безбедноста на Гренланд“, рече тој.
„Нашите европски сојузници премногу често не го следат чекорот. Ние сме тука да ги заштитиме луѓето што живеат овде бидејќи нивната безбедност е наша безбедност“.
Тој продолжи: „Нашата порака до Данска е многу едноставна, не сте направиле доволно за народот на Гренланд“.
„Гренланд мора сам да одлучи и ние веруваме дека ќе ги избере САД“.
Венс јасно нагласи дека САД не планираат воена анексија на Гренланд, но веруваат дека народот на Гренланд ќе избере независност од Данска на референдум по што, вели тој, САД планираат да градат партнерство со Гренланд.
„Ние веруваме во правото на народот на Гренланд на самоопределување. И веруваме дека тие ќе одлучат мудро, дека ќе ги изберат САД бидејќи само ние го почитуваме нивниот суверенитет и сакаме да им помогнеме“, рече тој.
Тој додаде дека партнерството со Америка би значело поголема безбедност и економски напредок, додека соработката со „непријателските сили“ ќе ги турне во „должнички замки што би ја загрозиле нивната иднина“.
Постојано предупредуваше на растечкиот економски и геополитички интерес на Кина и Русија за Гренланд. Тој ги спомна конкретните економски притисоци од Пекинг, велејќи дека островот денес е „екстремно ранлив“.
Царинското прашање
Иако главниот фокус на конференцијата беше Гренланд, Џеј-Ди Венс одговори и на повеќе прашања за други надворешно-политички и економски теми.
„Нема шанси Канада да победи во трговската војна со САД“, рече тој. Тој додаде дека пораката на Трамп е јасна – „доста ни е да бидеме банкомат на целиот свет“.
Тој тврди дека САД со децении ја финансирале меѓународната безбедност, додека европските сојузници не инвестирале доволно во одбраната. Тој особено ја критикуваше 40-годишната западна надворешнополитичка летаргија, за време на која, како што вели, беше игнорирана агресивната експанзија на другите сили.
Односите со Русија и преговорите На прашањето за актуелните односи со Русија, Венс рече дека САД „се чувствуваат многу добро“ за напредокот на преговорите, иако некои барања се „нејасни или лошо преведени“.
„Постигнавме неверојатен напредок“, тврди тој, без да навлегува во конкретната содржина на разговорот.