Џејми Фокс сѐ уште е хоспитализиран

од Radmila Tasevska
123 прегледи

Американскиот актер Џејми Фокс (55) сѐ уште е хоспитализиран во болница во Џорџија, каде што со денови е под опсервација откако ненадејно му се слоши.

Лекарите прават тестови и сè уште се обидуваат да откријат што точно се случило, изјави извор за Си-ен-ен.

Фокс неодамна беше на снимањето на филмот „Back in Action“ во Атланта, а извор близок до продукцијата на филмот откри дека снимањето сѐ уште е во тек и се очекува да заврши следната недела. Сепак, изворот не откри дали Џејми Фокс ќе се врати на сетот.

Семејството на 55-годишниот актер сподели дека тој претрпел медицински компликации поради кои морал да биде хоспитализиран. Тие соопштија и дека Фокс сега е на опоравување, иако не открија за каков здравствен проблем станува збор.

„Би сакале да споделиме дека, мојот татко, Џејми Фокс вчера доживеа медицинска компликација. За среќа, со брза реакција на лекарите и соодветна медицинска грижа, тој веќе почна да закрепнува.

Ние знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството ве замолува за приватност во овие мигови.

Ви испраќаме многу љубов, семејството Фокс“, напишаа тие на Инстаграм.