Џиџи Хадид првпат проговори за Џефри Епстин: Не сум имала никаква врска со овој одвратен човек

од Весна Трајкова
69 прегледи Фото: WIkimedia Commons / Принтскрин / Фејсбук / Ен би си њуз

Топ моделот Џиџи Хадид за првпат проговори за т.н. документи на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, откако нејзиното име се појави во еден од објавените е-пораки. Џиџи со месеци не го коментираше случајот, но сега го прекина молчењето одговарајќи на коментар на еден следбеник на Инстаграм.

Името на Џиџи Хадид се појави во размена на е-пораки од декември 2015 година помеѓу Џефри Епстин и засега непозната личност. Во пораката, таа личност го прашала Епстин: „Како сестрите Хадид станаа модели и заработија толку многу пари?! Не разбирам…“

Како што пренесува „Е! Њуз“, Епстин одговорил: „Знаеш.“ Личноста возвратила: „Татко ѝ платил на агенцијата“, на што Епстин напишал: „Не“, а потоа додал: „Затоа што ги следат упатствата, толку е едноставно“.

По повеќемесечно молчење, Хадид одлучила сега да реагира. Поводот бил коментар на една од нејзините последни објави на Инстаграм, во која корисникот напишал: „Прекинав да те следам затоа што не зборуваш за тие документи, Џиџи“.

Манекенката напишала долг одговор на тоа.

„Бев згрозена. Ужасно е да читаш некој што никогаш не си го запознала така да зборува за тебе, особено во овој контекст. Никогаш во животот не сум го запознала тоа чудовиште. Од таа преписка ми беше очигледно дека се обидувал да ги преземе заслугите за туѓите кариерите за да ги манипулира своите жртви, во овој случај личноста што му испраќало е-пошта со прашања за мојата кариера“, започна Хадид.

„Не коментирав ништо затоа што не сакам да ги намалам приказните на неговите вистински жртви. Меѓутоа, твојот коментар ме натера да сфатам дека тоа можеби не е јасно, а важно ми е да се знае: вистината е дека пораснав во привилегирани околности. Но, моите родители ме штитеа и ме научија на вредноста на напорната работа, истата работа што и нив ги донела во оваа земја и им овозможила да изградат кариери“, продолжила таа.

„Мајка ми лично ме водеше на состаноци со агенции во Њујорк непосредно пред мојот 18-ти роденден. И таа самата работела за две од нив во текот на нејзината кариера, ‘Мерилинс’ и ‘Форд’. Се сретнав со околу 10 агенции, а договор ми понудија само ‘Мерилинс’, ‘ИМГ’ и можеби уште една. Потпишав договор со ИМГ во 2012 година и оттогаш постојано работам.“

„Да бидам спомената во тие документи, мислам дека имав 20 или 21 година кога била напишана таа е-пошта, е вознемирувачки. Сакам јасно да ставам до знаење дека никогаш не сум имала никаква врска со тој одвратен човек. Нека гори во пеколот“, заклучила таа.