По бурното судење со поранешната сопруга Амбер Херд, холивудската ѕвезда Џони Деп одлучи засекогаш да го промени својот животен стил – и се пресели на село во Англија.
Џони Деп изнајмил прекрасна историска куќа на село во срцето на руралниот Источен Сасекс, открива „МејлОнлајн“.
Холивудската ѕвезда за ваков чекор се одлучила бидејќи сака да ужива во помирен живот по бурните пет години обележани со исцрпувачка и скандалозна правна битка со поранешната сопруга Амбер Херд.
62-годишниот актер е забележан од локалното население како ужива во прошетки во близина на неговиот дом, а е забележан и во блискиот град Вадхерст. Се верува дека Деп се заљубил во областа кога бил во посета на својот пријател, рок-ѕвездата Џеф Бек, кој му бил голем поддржувач во текот на неговата мачна битка со неговата поранешна партнерка.
Патем, селската куќа е историски имот со десет спални соби и датира од 1850-тите. Опкружена е со дрвја, високи огради и CCTV камери. Сместена покрај ретко користен селски пат, до неа се стигнува преку голема железна порта што води до широк чакален пат обложен со готски статуи и цвеќиња – вистинска идила.
„По природа сум многу резервиран. Еве можам да бидам тоа што сум“, изјави Деп за британските медиуми.