Џорџија Мелони го поздравува „воинствениот став“ на Америка кон Русија

од Milan1
21 прегледи

САД стануваат се повоинствени кон Русија и тоа е добро, изјави денес италијанската премиерка Џорџија Мелони.

„Денес гледаме промена во ставот на САД и ја поздравуваме“, рече Мелони на прес-конференција во Рим со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, објави Ројтерс.

Мелони, исто така, рече дека се работи на „заемно корисен“ трговски договор меѓу Европската Унија и САД пред крајниот рок на 1 август, објави Танјуг.