Џулија Робертс е жена која го одбележа Холивуд во деведесеттите години на минатиот век. Важеше за најдобра меѓу најдобрите, најубава и најплатена актерка, а и денес е една од најуспешните актерки од А-листата.
Редејќи филмски хитови еден по друг, како и награда по награда, тешко беше да се „избега“ од нејзиниот лик и дело.
Иако се обиде да се повлече од очите на јавноста откако стана мајка, јавноста се уште е заинтригирана од тоа што има да каже „насмевката од милион долари“.
Така, во пресрет на премиерата на нејзиниот нов филм „Остави го светот зад себе“, ја прашаа каков совет би ѝ дала на деветнаесетгодишната верзија на себе.
– Застани исправено. Се ќе биде во ред. Не ги куби веѓите – одговорила актерката, според „Пипл“, цитира Стандард лајф.