ДКСК најави санкции за двајца министри од Владиниот кабинет

374 прегледи

Државната комисија за спречување на корупција, на денешната седница увиде неправилности и посочи дека актуелната министерка за култура, Ирена Стефоска, како и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи не поднеле анкетни листови откако застанаа на функција.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска потенвираше дека истите се дадени во понатамошна постапка за издавање на платни налози, а дека првичниот рок за поднесување е 30 дена.

Ивановска посочи и дека нема анкетни листови ниту за дел на функционерите кои беа дел од техничката влада. Оттаму информираа и дека се проверени членовите кои беа избрани во владиниот состав на 31.05.2017 година, членовите на техничкиот владин кабинет избрани на 3.05.2020, како и актуелните министри и владини соработници избрани во август годинава.

Слични содржини