Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, денес изјави дека очекува Европа да се соочи со енергетска криза, „најголемата во нејзината историја“.
„Следната прогноза: најголемата енергетска криза во европската историја, предизвикана од претходните стратешки грешки во енергетскиот сектор и тврдоглавоста на (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лајен“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „X“.
Тој додаде дека се подготвува криза со ѓубрива, која, како што рече, ја предвидел пред една недела, по што „ќе следи криза со безбедноста на храната“, пренесува РИА Новости.