Дмитро Лубинец: Руските сили убиле пет украински воени заробеници

од Milan1
31 прегледи

Руските сили убиле пет украински воени заробеници, изјави денеска комесарот за човекови права на украинскиот парламент Дмитро Лубинец.

„Руските војници застрелаа пет невооружени војници откако ги заробија“, рече Лубинец без да ги објасни своите тврдења, според „Ројтерс“.

Комесарот за човекови права на украинскиот парламент најави дека овој случај ќе го пријави во Обединетите нации.

„Руските воени злосторници кои пукаат во украински воени заробеници треба да бидат изведени пред меѓународен суд и казнети со најстрога казна предвидена со закон“, рече Лубинец.

Русија веднаш не ги коментираше наводите, но претходно негираше дека извршила воени злосторства.

Слични содржини