217
Украинските сили држат 17 деца како заложници во градот Славјанск во областа Доњецк и планираат насилно да ги одведат во непознат правец, тврди штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република, а пренесува Спутник.
Како што се наведува, штабот бил „контактиран од жителите на ослободените населби Мирноје, Гранитноје и Староигнајевка“.
Според нив, на 20 февруари во одморалиштето Свјатогорск биле испратени вкупно седумнаесет деца.
„Децата, како што им рекоа на своите родители при денешниот телефонски разговор, моментално се во Славјанск. Наведоа и дека нивна принудна евакуација во непознат правец е планирана денеска во два часот по киевско време (еден час по средноевропско време)“, прецизираат од штабот.