Добиле пари од Путин поради смртта на синот во Украина, купиле нова Лада (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
242 прегледи

Руската државна телевизија ја прикажа смртта на руски командант во Украина како „придобивка“ за неговото семејство, кое можело да си дозволи „сосема нов автомобил“ по неговата смрт од оштетата што ја добиле.

Семејствата на руските војници загинати во конфликтот имаат право на одредена сума пари од руската влада како вид на компензација. Но, во чудна пропагандна емисија на каналот „Русија 1“, државната телевизија се обиде тоа да го претстави како „придобивка“ од загубата на нивното дете во војната во Украина.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи и ги шокираше корисниците ширум светот.

„Синоќа руската државна телевизија објави прилог за неочекуваните „придобивки“ од смртта на вашиот син во Украина. Можете да купите Лада од надоместокот што ви го дава државата“, се вели во една од објавите, а пренесува британски Експрес.

Автомобилот марка „Лада“ е купен со парите што државата му ги исплатила на семејството на загинатиот војник.

Дека руската пропаганда не губи време се гледа веќе на почетокот на видео-прилогот, кога се истакнува дека младиот човек се борел „против фашизмот“ исто како неговиот дедо и прадедо.

Родителите на починатиот млад човек во видеото велат дека автомобилот го купиле во спомен на нивниот син.

„Алексеј сонувал да има бел автомобил“, рекол таткото на убиениот. Првото возење на овие родители со нивниот нов автомобил било до гробиштата.

Точниот број на руски жртви во Украина не е познат, но се проценува дека изнесува десетици илјади. Шефот на британските вооружени сили во понеделникот изјави дека околу 50.000 војници биле убиени од почетокот на инвазијата во февруари. Адмиралот сер Тони Радакин додаде дека во војната биле уништени речиси 1.700 тенкови.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во април изјави за „Sky News“ дека жртвите во војната се „огромна трагедија за Русија“.

Додека руските сили трпат загуби, Министерството за одбрана на Велика Британија тврди дека Кремљ им нуди слобода на затворениците од Санкт Петербург во замена за воена служба.