Додека Кејт е во болница, принцот Вилијам со еден потег покажа колку е добар сопруг

од Radmila Tasevska
277 прегледи

Додека Кејт Мидлтон заздравува од абдоминална операција во болница, принцот Вилијам направи гест за да покаже колку добар сопруг е.

Покрај тоа што се грижи за децата и покажа дека е посветен татко, Вилијам се покажа и во улога на сопруг со тоа што секојдневно ја посетуваше принцезата од Велс во приватна болница во Лондон. Кејт на 16 јануари направи операција на абдоменот, а засега е познато дека добро закрепнува и дека пред операцијата на простатата ја посетил кралот Чарлс Трети.

Принцот Вилијам бил забележан пред болница два дена по операцијата на неговата сопруга, но извори блиски до кралското семејство тврдат дека тој го исчистил распоредот од сите обврски за секој ден да ја посетува идната кралица.

Нивните деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) ја поминаа минатата недела со нивните баба и дедо, Мајкл и Керол Мидлтон, во нивниот дом во Беркшир. Децата допрва треба да ја посетат Кејт во болница, а кралското семејство рече дека тоа никогаш не било планирано бидејќи „сакаат да им дадат чувство на нормално детство“ и да ги држат подалеку од центарот на вниманието во овој момент.

Кејт би требало да ја напушти болницата на 30 јануари, а дотогаш Вилијам ќе има помош од дадилката Марија Тереза Турион Борало, која со семејството е од 2014 година, односно од осум месеци на Џорџ.

Слични содржини