Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на собраните на стадионот „Лужники“ во Москва и ја поздрави руската „специјална операција“, како што ја нарекуваат инвазијата на Украина.
Тој на стадионот беше пречекан од илјадници луѓе кои вееја национални знамиња, како и знамиња со буквата З, која стана симбол на руската армија во Украина.
Додека војната во Украина трае веќе четири недели, руските сили гранатираат градови, а милиони луѓе бегаат од земјата разурната од војна, Москва ја одбележува осмата годишнина од референдумот за државниот статус на Крим и Севастопол.
Откако руските сили ја презедоа контролата во 2014 година, Крим гласаше за приклучување кон Русија на референдум што Западот и Украина го сметаа за нелегален.
Русија испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари во обид да ја „демилитаризира и денацизира“ земјата, рече рускиот претседател. Натписи на стадионот „За мир без нацизам“ можеа да се видат и на стадионот во Москва за време на прославата на референдумот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е првиот еврејски претседател на земјата.