На сите им е јасно дека американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи си поигрува со судството во Босна и Херцеговина и се обидува да им го загорчи животот на Србите, со цел да им го конфискува имотот, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик и ги повика политичките претставници на Бошњаците да се откажат од „субјективната политика која не и дозволува на БиХ да напредува на европскиот пат.
Во врска со одлуката на Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина да ја отфрли жалбата на СНСД против одлуката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, која го призна гласачкото ливче на ПДП за Домот на народите на Парламентот на Босна и Херцеговина, тој истакна дека овој неуставен суд е американска организација која служи за справување со нивните неистомисленици.
„Како е можно две години еден човек да работи и да си ја врши функцијата делегат, а сега некој да каже дека не е во ред, тие носат две различни одлуки за исто прашање и тоа покажува дека кога Марфи притиска врз судството, законот и правдата излага низ прозорецот, како и здравиот разум“, вели Додик во интервју за „Глас Српске“ од Бања Лука.
Тој посочи дека американската администрација управува со сите процеси и ја држи БиХ заробена.
„БиХ нема професионални функционери, туку американски поданици“, рече претседателот на Република Српска.