Додик го потпиша законот со кој се забранува работата на босанските државни институции во РС

од Milan1
404 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва во Бања Лука потпиша укази за прогласување на законот за забрана на активностите на Судот и обвинителството на Босна и Херцеговина и СИПА во овој ентитет.

Овие неуставни закони беа усвоени од Народното собрание на РС на посебна седница одржана на 27 февруари оваа година, објави босанскиот портал „Клик.ба“.

Додик ги потпиша указите откако Бошњачкиот клуб во Советот на народите на РС одлучи да не бара ревизија на уставноста на овие закони од Уставниот суд на овој бх ентитет.

Да потсетиме дека законите беа усвоени веднаш откако Додик беше осуден од Судот на БиХ на една година затвор и шест години забрана за извршување на функцијата претседател на РС.

Се очекува, според најавите, неколку политичари сега да иницираат преиспитување на уставноста на овие закони пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Покрај законите кои може да се толкуваат како обид за државен удар, Додик потпиша и укази за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска и Законот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации.

Слични содржини