Претседателот на Република Српска Милорад Додик во пресрет на денешната средба со претседателот на Русија Владимир Путин посочи дека ќе биде побарано да го разгледа начинот на кој би можело да се обезбеди присуство на Република Српска и нејзината видливост на Форумот БРИКС.
– Со БРИКС претседава Русија и верувам дека и покрај нашата посветеност кон Европската унија, мора да имаме отворени канали, соработка и договори со другите, вклучително и земјите во рамките на БРИКС, рече Додик.
Тој посочи дека ќе му се заблагодари на претседателот на Русија за неговата јасна позиција во Генералното собрание на Обединетите нации кога станува збор за нејзиниот став за резолуцијата во Сребреница.