Додик патува во Русија со нови и стари ветувања: „РС нема да дозволи БиХ да воведе санкции кон Москва на ниво на целата земја“.

од Илинка Илиоска
534 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик по гласањето на локалните избори во Србија го продолжува своето патување во Русија каде што ќе присуствува на економскиот форум во Санкт Петербург, како што објави Н1 се надева дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Очекувано, тој повторно со себе носи стари и нови ветувања и позната реторика насочена против Босна и Херцеговина, но во корист на Москва.

Имено, Додик на својата официјална веб-страница објави  „дека РС нема да дозволи БиХ да воведе санкции кон Москва на ниво на целата земја“. Иако не е првпат Додик да ги става надлежностите на субјектите над државните, во овој случај, како и во многу одлуки каде претставниците од РС се во државните фотелји, нивниот глас се брои и, соодветно, тие можат ги блокира горенаведените санкции.

„На ниво на државата Босна и Херцеговина нема одлука за воведување санкции, односно официјално не се воведени санкции против Русија. Најдобра потврда за тоа е мојата неодамнешна средба со високи европски претставници, кои прашаа кога првпат ќе воведеме санкции кон Русија? Тоа значи дека нема санкции и ќе продолжиме да го правиме тоа иако е многу тешка позиција“, тврди Додик.

Го спомна и Западот кој, како што наведува, „од РС секој ден бара да ги поддржи санкциите против Русија како дел од БиХ“, и уште еднаш ја искористил приликата да се пожали на тамошните власти.

„Не можам да им се заблагодарам на Американците кои не сакаат ни да слушнат што мислиме, но тие се обидуваат да одлучат. Тоа е суштината на проблемот, тие не разговараат со нас, туку одлучуваат за нас“, рече претседателот на ентитетот на РС.

Тој, исто така, рече дека се надева дека ќе се сретне со Путин и Лавров на форумот, од каде повторно ќе се врати, како и секојпат кога отишол во Русија, охрабрен да шири реторика на поделби и омраза во Босна и Херцеговина.

Слични содржини