Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска изјави дека хистеријата на министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ во Советот на министри започнала пред еден месец, кога неговиот пријател бил уапсен во Дубаи, каде што и самиот бил чест гостин.
„Тито е уапсен, а Дино е многу нервозен“, напиша Додик на платформата „Икс“.
Додик вели дека пучот го извршило Обвинителството.
„Б(ело) и Х(ероин) се пресметува за да се прикрие заштитата што му се обезбедува на најголемиот нарко картел“, вели Додик.
Тој изјави и дека со налетот на навреди што ги исфрла кон него, Дино го крие стравот.
„Багерот остана во Дубаи, операторот во затвор, а Конаковиќ во базите на ДЕА и Европол“, рече Додик.
Холандските медиуми вчера објавија дека лидерот на нарко-картелот „Тито и Дино“, Един Гачанин, бил уапсен минатиот месец во Холандија.