Pретседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека при потпишувањето на Указите ги користел уставните и законски овластувања, па затоа пред судот на БиХ може да се донесе само ослободителна пресуда во постапката против него и в.д директорот на „Службен гласник“, Милош Лукиќ, оценувајќи дека секоја друга пресуда би била политичка.
Јас сум убеден во ослободителната пресуда. Не вршам притисок, туку велам дека постапив во согласност со Уставот на Република Српска. Не го почитувам лажниот висок претставник кој не е признат од еден од потписниците на Дејтонскиот договор. Јас сум претседател на Република Српска, кој ја застапува и претставува, рече Додик на прес-конференција во Источно Сараево, по сослушувањето во судот на Босна и Херцеговина за постапката за „непочитување на одлуките на Кристијан Шмит“.
Тој наведе дека постапувањето во согласност со Уставот и законот „не било пречка за муслиманските судии и обвинители да покренат сè“, и повтори дека постапил исклучиво во согласност со дадените овластувања, пренесе Срна.