Додик: Време е Западот да ги остави Србите да одлучуваат за својата иднина

од Milan1
261 прегледи

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е време Западот да ги остави Србите да одлучуваат за својата иднина.

„Западот сака да наметне либерални вредности кои немаат врска со нашата историја или идентитет. Тие ги туркаа своите решенија веќе 30 години и тоа не успеа. Сега е време да не остават нас Србите да одлучиме за нашата иднина“, рече Додик во интервју за „Ерусалим пост“.

Тој додаде дека Србите и Евреите страдале заедно.

Додик се сретна со Нетанјаху. „Знаеме што значи кога си мета, кога историјата ти се препишува, кога си виновен за се. Тоа ни се случува во Босна и Херцеговина, исто како што се случува со Израел во светот“, рече Додик.

Според него, Србите не се заинтересирани да живеат во Босна и Херцеговина каде што нивниот идентитет е избришан и каде што тие се виновни за се.

„Нас не нè интересира војна, но не нè интересира да живееме во земја во која нашиот идентитет е избришан, а нашиот народ е виновен за се. Тоа е истата приказна како со Израел. Погледнете ја реакцијата на масакрот на Хамас, а потоа погледнете како светот се однесува кон Израел“, рече Додик.

Додик изјави дека етикетата за геноцид за настаните во Сребреница е политичка измислица.

„Резолуцијата на ОН за Сребреница е усвоена со само 84 гласа од 193“, рече Додик, оценувајќи дека „ова не е консензус, туку кампања“.

Претседателот на Република Српска посочи дека нема резолуција за Јасеновац каде, како што наведе, стотици илјади Срби и Евреи биле убиени од Хрвати и муслимани.

Тој додаде дека Сараево стана центар на исламистичко влијание и ги обвини бошњачките водачи дека одржуваат врски со Иран и овозможуваат ширење на радикални идеологии.

„За време на граѓанската војна, најголемата амбасада во Сараево беше иранската со 480 луѓе, главно шпиони. Тие обучуваа муџахедини борци во Босна, од кои некои подоцна учествуваа во глобалниот тероризам, вклучително и во нападите врз САД на 11 септември“, рече Додик.

Тој, исто така, истакна дека антисемитизмот расте во делови од Босна и Херцеговина и дека во Сараево се веат палестински знамиња, додека во Бања Лука се крева израелското знаме.

Израелскиот весник потсетува дека за време на војната во Босна и Херцеговина, странските борци, вклучително и муџахедините, се бореа на страната на Бошњаците и беа поддржани од Иран, истакнувајќи дека денес некои западни функционери се загрижени за иранското и турското влијание во Федерацијата на Босна и Херцеговина, каде што мнозинството се муслимани, особено во контекст на растечките анти-семитистички извештаи во Европа.

Слични содржини