Претседателот на Република Српска Милорад Додик се обрати до јавноста по денешната средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин во Бања Лука.
Тој реагираше на изјавите на федералниот премиер Нермин Никшиќ кој денеска беше во Бања Лука и рече дека Додик и СНСД не можат да бидат политички соговорници на тема европската иднина на БиХ, објави Клик.ба.
Додик оцени дека доаѓањето на Никшиќ е доказ дека „РС е безбедна“ и изјави дека бил пречекан додека претставниците на РС не можеле да одат во главниот град на Босна и Херцеговина.
„Нашиот повик останува отворен, еден ден веројатно ќе седнеме… Можеби еден ден ќе се разбуди и ќе каже дека сака“, вели Додик.
Наведе и дека Никшиќ „веројатно и ќе тргне по некој од опозицијата“.
„Опозицијата ни создаде проблем, научен сум на нив. Добив анкета, повеќе од 60 отсто од граѓаните се на страната на Владата на РС, тие се маргинално малцинство“, рече Додик.
Запрашан за можноста за распишување налог за апсење бидејќи не планира да одговори на поканата од Обвинителството на БиХ, тој рече дека оваа можност не е отфрлена, но додаде:
„Ќе видиме кого и дали ќе уапсат некого“, рече Додик.