Во пресрет на денешната расправа во Народното собрание на Република Српска во Бања Лука, членот на претседателството на БиХ од овој ентитет, Милорад Додик изјави дека Република Српска е заинтересирана за политичката и економската состојба во БиХ.
-За жал, од таа ситуација и лошите односи во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска, а тоа се одразува и на одредени наши функции. Од друга страна, слушаме дека треба да се укине Република Српска, на оние кои мислат дека БиХ нема шанси или оние кои мислат дека треба да се формира трет ентитет и дека покрај Република Српска и другите два народи треба да имаат свој ентитет. БиХ е составена и од Република Српска и ние во неа го внесуваме нашиот суверенитет и нашите права. Ние од Република Српска не ја гледаме БиХ како унитарна и централизирана држава, нагласи Додик, a пренесува РТРС.
За денеска во Бања Лука е закажана посебна седница на Народното собрание на Република Српска (НАРС) на која ќе се расправа за „Политичката и економската состојба во БиХ”.