Договор за проектот за уредување на излозите во Старата скопска чаршија

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Во Даут Пашин Амам денеска ќе биде потпишан договорот за проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија.

Договорот ќе биде меѓу Министерството за економија и Општина Чаир, а ќе го потпише градоначалникот Чаир Висар Ганиу со фирмата изведувач.

На потпишувањето ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши.