Подољак: Договорот меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува сите ограничувања кои меѓународната заедница му ги наметна на Пјонгјанг

од Milan1
291 прегледи

Помошникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак денеска изјави дека договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува сите ограничувања кои меѓународната заедница му ги наметна на Пјонгјанг.

„Потпишувањето на „стратешкото воено партнерство“ е еднострано и најдрско поништување на целиот пакет меѓународни одлуки, резолуции и ограничувања наметнати на Северна Кореја“, објави Подољак на Икс.

Претходно денеска Русија и Северна Кореја го потпишаа Сеопфатниот договор за стратешко партнерство по разговорите меѓу делегациите на двете земји со учество на рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун.

Ким истакна дека со склучувањето на нов договор, Русија и Северна Кореја ги подигнаа своите сојузнички односи на ново високо ниво.

Рускиот лидер претходно тој документ го нарече фундаментален и истакна дека тој ќе ја претставува основата на односите меѓу Русија и Северна Кореја.

Путин вчера пристигна во дводневна посета на Северна Кореја, која последен пат ја посети во 2000 година.

Слични содржини