Радио Бар објави дека околу 12 часот им се јавил маж од непознат број, кој изјавил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“
Црногорската полиција проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, изјавија од Полициската управа (УП) за црногорски „Вијести“.
Од институцијата соопштија дека вработените се евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.