Дојче веле доби забрана за емитување во Русија

од Milan1

Русија воведе забрана за германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“, воедно ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе ја одземе акредитацијата на новинарите од медиумот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.

Потегот на Москва е одмазда за вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал РТ, поранешна Раша Тудеј. Кремљ ја критикуваше наредбата како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.

Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик „RT DE“ да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување.

Дојче веле или ДВ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.

 

 

Слични содржини