Водечкиот американски инфектолог Ентони Фаучи се извини денес откако изрази сомнеж во строгоста на британските здравствени регулатори кои многу брзо ја одобрија вакцината „Фајзер“ против коронавирусот.
– Имаше недоразбирање и затоа жалам и се извинувам за тоа – изјави Фаучи за Би-Би-Си и додаде дека има голема верба во работата на научната заедница и регулаторите во Велика Британија.
Тој рече дека во никој случај не сакал да алудира на фактот дека постапката на британските регулатори е несовесна, пренесува Ројтерс.
Фаучи претходно изјави дека британските здравствени регулатори кои ја одобриле вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 не ги проучувале податоците од тестирањата толку внимателно како американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед.
– Имаме златен стандард за регулаторен пристап со ФДА. Велика Британија не го стори тоа толку внимателно и тие ги забрзаа работите за неколку дена – рече тогаш Фаучи.