Доколку купувате автомобил во Германија во готово би можеле да имате проблеми

од Milan1
28 прегледи

Германските граѓани сакаат да користат готовина но и криминалците. Затоа долго време се зборува за воведување на горна граница за готовински плаќања.

На почетокот на 2024 година, Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ постигнаа договор: во иднина купувањето над 10.000 евра повеќе нема да може да се плаќа во готово. Целта е борба против перење пари и финансирање тероризам. Сепак, оваа регулатива ќе стапи на сила дури во 2027 година.

Ограничувањето ќе важи само за правни лица (трговци), а не и за физички лица. Значи, ако купувате автомобил приватно за повеќе од 10.000 евра, сепак можете да го платите во готово.

За разлика од повеќето земји на ЕУ, Германија моментално нема национално ограничување за готовински плаќања, исклучок се купувањата на недвижен имот, кои не се плаќаат во готово од април 2023 година. Покрај тоа, постојат две важни обврски за идентификација:

За готовински плаќања над 10.000 евра потребно е да се приложи лична карта, трговецот ги запишува личните податоци.

При купување благородни метали и уметнички дела над 2.000 евра (од 1 јануари 2020 година), задолжителна е и идентификација.

Германија беше воздржана за време на гласањето за регулативата на ЕУ поради несогласувања во владејачката коалиција.

Во 18 од 27-те земји-членки на ЕУ веќе има горни граници за готовински плаќања од 500 евра во Грција до 15.000 во Хрватска. Кога Германија ќе ја спроведе новата регулатива во 2027 година, ограничувањето ќе важи само за купување, а не за поседување готовина. Значи, нема ограничување за тоа колку готовина чувате дома но поради инфлацијата, тоа не е најпаметната опција.

Слични содржини