Документи на Пентагон: Украинската воздушна одбрана брзо би можела да остане без муниција

од Radmila Tasevska

Украинската воздушна одбрана би можела да остане без проектили и муниција за само неколку недели, се наведува во тајните документи на Пентагон од февруари, кои протекоа во јавноста, пренесе „Гардијан“.

Во еден од документите од 23 февруари, кој е означен како „доверлив“, детално се наведува дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана С-300 до 2 мај целосно ќе премолчи, доколку продолжи да се користи со истото темпо.

Автентичноста на документите на Пентагон не е потврдена.

Слични содржини