ДОЛАРОТ НА МАКСИМУМ! Рекордни вредности утрово

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Американскиот долар продолжува да зајакнува и денеска е на највисоко ниво во последните десет месеци во однос на шесте водечки светски валути.

Според податоците од финансиските пазари, вредноста на индексот на доларот (DXY) во 9 часот и 30 минути денеска изнесуваше 106,1153 поени.

Индексот на американскиот долар се користи за мерење на вредноста на доларот во однос на шест странски валути – еврото, швајцарскиот франк, јапонскиот јен, канадскиот долар, британската фунта и шведската круна.

Индексот е воспоставен во 1973 година, со основа од 100 поени.

Високото ниво на индексот на доларот значи дека е поскапо да се купуваат долари, додека за нив може да се купат повеќе евра или други споменати валути, што значително влијае на светската економија.

Слични содржини