Доминиканската Република гради ѕид на границата со Хаити за да спречи шверц на мигранти, оружје и дрога

од Milan1

Доминиканската Влада почна да гради ѕид долг 392 километри што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога.

Во првата фаза целта е најдоцна за девет месеци да се изгради ѕид од 164 километри. Бетонскиот ѕид со дебелина од 20 сантиметри ќе биде висок 3,9 метри и ќе има оптички влакна за комуникација, сензори за движење, камери, радари и дронови. Проектот вклучува и изградба на 70 места за набљудување и 41 патролна влезна врата.

Хаити е сиромашна карипска држава погодена од криминал, додека Доминиканската Република напредуваше како популарна карипска туристичка дестинација во изминатите децении поради политичката стабилност.

Многу Хаиќани тајно ја преминуваат границата во потрага по работа во полињата и градежната индустрија во Доминиканската Република, така што ѕидот треба да помогне да се намали шверцот на стоки и оружје и да помогне во борбата против организираниот криминал.

Околу 500.000 Хаиќани и десетици илјади нивни потомци живеат во Доминиканската Република, 11-милионска нација која зборува шпански јазик.

Слични содржини