585
Кризата во Украина вчера ескалира, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, а потоа испрати војници на тие територии „за да се обезбеди мир“.
Денес Самопрогласените републики во Доњецк и Луганск го ратификуваа договорот за пријателство и помош со Москва, кој формално ги отвори вратите за воена и финансиска поддршка, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на нивната независност, пренесува „РТ“.